мини|десно|Скалестиот Кружен олтар мини|десно|Царскиот небесен свод мини|десно|Внатрешноста на Молитвената сала за добра жетва Храм на небото или Олтар на небото (кин. трад. , упр. ; ; манџ. Абкај мукдехун) — светилиште во југоисточниот дел на центарот на Пекинг. Служел за државни обреди, каде царевите од династиите и секоја година се помолувале на небото за добра жетва во царството. Важи и за таоистички храм, иако обожувањето на небото во Кина е многу постаро.

Историја Светилиштето е изградено во периодот од 1406 до 1420 г., за време на царот Јунгле, кој го изградил и Забранетиот град. Денешното име го добил во времето на царот Ѓаѓинг (XVI век). Царот изградил и уште три важни храма во градот: Храмот на сонцето () на исток, Храмот на земјата () на север и Храмот на месечината () на запад. Храмот на небото е реновиран во XVIII век во времето на царот Ченлунг — последен крупен зафат во царско време поради влошувањето на државните финансии.

За време на Втората опиумска војна, светилиштето паднало во рацете на англо-француската војска. Во 1900 г., за време на Боксерското востание, сојузничките сили го зазеле светилиштето и една година го користел како штаб. Зградите и градините претрпеле потешки оштетувања, па дури биле и пљачкосувани. Со падот на династијата Ќинг, храмот останал запуштен, и во наредниот период неколку сали се срушиле.Парк на Храмот на небото: Историја

Во 1914 г. тогашниот претседател на Република Кина, Јуен Шикај извршил царски молитвен обред како дел од неговите усилби да биде прогласен за цар. Во 1918 г. храмот и околината станал парк и за првпат се отворил за јавноста.

Во 1998 г. светилиштето е прогласено за светско наследство на УНЕСКО.Храм на небото: царски жртвеник во Пекинг — УНЕСКО Денес паркот е мошне популарно место за рекреација.

Објекти Светилиштето зафаќа површина од 2,73 км2 со парк и три групи градби, сите изградени по строго филозофски начела:

Молитвената сала за добра жетва () — величествен трикалкански кружен објект со пречник од 36 м и висина од 38 м, изградена врз мермерна основа на три нивоа. Внатре царот се молел за родна година. Целиот објект е направен од дрво, без ниедна шајка. Во 1889 г. изгорел до темел поради пожар предизвикан од гром, па е изграден одново за неколку години. Царскиот небесен свод () — еднокатен еднокалкански објект изграден врз мернерна основа. Сместен е јужно од Молитвената сала за добра жетва и личи на неа, но има поскромни димензии. Околу градбата е расположен кружен ѕид што го одбива звукот и му овозможува голем досег. Овој објект е поврзан со молитвената сала со издигнат премин долг 360 м што полека се спушта од сводот до молитвената сала. Кружниот олтар () — самиот олтар на светилиштето, јужно од Царскиот небесен свод. Ова е празен кружен подиум од мермер на три нивоа, богато украсен со змејови во камена резба. Разните елементи на олтарот (скалилата, столпчињата на оградата итн.) се девет на број, или во содржатели на девет. Средишниот дел се нарекува „Срце на небото“ () или „Врховен јанг“ (), каде царот се молел за добри услови за род. Олтарот е така изработен, што звукот се одбива од оградата и дава одек кој се верувало дека подобро патува до небото. Олтарот е изграден во 1530 г. по налог на царот Ѓаѓинг, а преуреден во 1740 г.

Обред Во Кина, царот се сметал за „син на небото“, кој раководел со овоземските работи како претставник на небесата. Како таков, имал задача да се моли за добра жетва за целата земја, притоа принесувајќи жртва.

Двапати годишно царот и неговата придружба доаѓале во светилиштето и се залогорувале. Царот носел посебно облекло и држел строг тридневен пост. На обичниот народ му било забрането да присуствува на обредот или подготовките. Потоа царот се молел за плодна година. На зимската краткодневица се вршел посебен обред, кој морал да се изведе совршено за да не се урочи земјата.

Поврзано Таоизам Кинеска народна вера Кинеска архитектура Тјентандунгмен — станица на пекиншкото метро кај светилиштето, наречена по него

Наводи

Надворешни врски

Парк на Храмот на небото (Тјентан) — официјална страница Слики од Храмот на небото Храм на небото

Категорија:Светско наследство во Кина Категорија:Кинеска архитектура Категорија:Историја на кинеската архитектура Категорија:Таоистички храмови Категорија:Згради и градби во Пекинг Категорија:Знаменитости во Пекинг Категорија:Минг (династија) Категорија:Паркови и градини во Пекинг