Софија Тренчовска (родена на во )Софија Тренчовска — био-библиографија, Проект Растко - Македонија ― македонски филолог, писател и културен активист. Таа е уредник е на „Проект Растко – Македонија“, дигитална библиотека на културата и традицијата на Македонија.Македонската традиција во дигитална библиотека „Растко“ , Утрински весник, 17. 8. 2009. Живее и работи во Обединетото Кралство.

Животопис Основно и средно економско училиште завршила во родниот град. Дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде посетувала и последипломски студии (магистерска теза „Митопоетиката во раните драми на Јордан Плевнеш“) и завршила докторски студии. По професија е дипломиран филолог по македонска и јужнословенска книжевност, со општа и компаративна книжевност. Моментно е докторски кандидат.

Извесно време работела како новинар во културната редакција на дневниот весник „Вечер“ каде што пишувала текстови од областа на образованието, книжевноста и филмот и направила интервјуи со повеќе значајни личности од културата и уметноста.

Била ангажирана во подготовка и приредување на повеќе книжевни изданија, а од основањето (2007), таа е уредник на електронското издание “Проект Растко – Македонија“.„Дигитална библиотека: Бесплатни книги на порталот Растко“ , Вечер, 10 март 2008 Учествува на меѓународни симпозиуми и научни собири. Пишува и објавува текстови од областа на книжевноста и уметноста во повеќе периодични печатени и електронски списанија, меѓу кои: Премин, Акт, Современост, Сум, Македоника, Mediantrop и др.

Преведува од англиски, српски, хрватски и бугарски на македонски.

Со сопругот Горан Тренчовски е со-основач на Интернационационалниот филмски фестивал Астерфест, при што е главен помошник во реализацијата.

Трудови (избор) Авторски текстови „Кичот како уметност“, Лоза, бр. 5, 1997, 9-10 стр. „Комичната маска на Бен Акиба“, Театарски гласник, бр. 47, 1999, 55-56 стр. „За филмскиот медиум“, Акт, бр. 24, 29.10.2007, 50-51 стр. „Виртуелен македонски хронотоп“, Акт, бр. 25/26, 28.03.2008, 53-54 стр. „Демонолошките битија во македонските волшебни приказни“, Акт, бр. 33/34, 31.07.2009, 52-64 стр. „Мотивот на чудесното раѓање во македонските волшебни приказни“, Сум, бр. 64, 2009, 95-103 стр. „Ѕвездени мигови на свето место“, Премин, бр. 59/60, 2009, 58-59 стр. „Силјан штркот како психоаналитична приказна“, Акт, бр. 40/41, 08.04.2011, 58-64 стр. „Постмодерен распад на еден имагинарен систем“, Акт, бр. 46, 17.08.2012, 42-49 стр. „Слав Драгота на Чернодрински и причините за поразот на Беласица“ во: Самуиловата држава во историската, воено-политичката, духовната и културната традиција на Македонија, зборник, Завод и Музеј Струмица, 2015, 298–304 стр. „Фокализацијата во ‘Табакерата’ на Абаџиев “, Медиантроп, бр. 10-11/IV, мај-јуни 2015, Белград. „‘Еригон’ како прва постмодернистичка драма во Македонија“, Современост, бр. 2/LXV, 2015, 104–107 стр. Една митопоетика (книга), Македоника литера, Скопје, 2015, 164 стр., ISBN 978-608-4614-94-4 Дело и знак (книга), Македоника литера, Скопје, 2018, 160 стр., ISBN 978-608-252-078-0

Преведувач Душан Ковачевиќ, „Лари Томпсон“, драма изведена во Народен театар - Штип , репертоарна сезона 2001/2002 Радомир Константиновиќ, „Бекет, пријателот“, Акт, бр. 30, 26.12.2008, 53-57 стр. Зоран Стефановиќ, „Ноќ пред враќање“, Акт, бр. 42, 26.08.2011, 40-43 стр. Боро Драшковиќ, Режисерски белешки, 2012. ISBN 978-608-4546-25-2 Зоран Стефановиќ, Словенски Орфеј , 2014. ISBN 978-608-4546-32-0

Уредник, директор 2001 - Главен и одговорен уредник на специјалното издание на списанието Харман 2007 - Директор на играната ТВ-серија за деца во шест епизоди „Мартин од скалите“ 2007-досега - Уредник на Проект Растко - Македонија (вкупно објавени околу 500 наслови и 200 авторски имиња) ISSN 1857-7954 2016 - Mонографија 70 години посветеност во образованието – по повод 70-годишниот јубилеј на СОУУД „Димитар Влахов“. ISBN 978-608-4756-15-6 2018 - Приредувач на зборникот на трудови Наративните и естетските вредности во филмот ‘Златна петорка’ . ISBN 978-608-4546-37-5 Компакт диск 15 Роднокрајци – поезија и проза од 15 струмички автори , 11. 12. 2009.„Промоција на ЦД-то 15 роднокрајци од Струмица“ , Премин портал, 14 декември 2008 ISBN 978-608-4546-00-9

Наводи

Надворешни врски Софија Тренчовска, био-библиографија

Проект Растко - Македонија, дигитална библиотека на културата и традицијата на Македонија

Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски филолози Категорија:Македонски книжевни критичари‎ Категорија:Македонски преведувачи‎ Категорија:Македонски публицисти Категорија:Македонски новинари Категорија:Македонски уредници Категорија:Апсолвенти на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје Категорија:Магистри на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје Категорија:Доктори на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје