Белово — село во Светиврачко, Пиринска Македонија, денес во општината Свети Врач на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Географија и местоположба

Белово се наоѓа на 40 километри југоисточно од градот Свети Врач. Сместено е на западните падини на Јужен Пирин на надморска височина од околу 700 метри. Селото е едно од најсеверните села во историско-географскиот регион Мрвачко. Климата е променливо средоземна со одредено планинско влијание. Просечните годишни врнежи од дожд се околу 700 милиметри на м². Јужно, во близина на селото тече реката Белово. Атарот на селото зафаќа површина од 41.228 км2.

Историја Легенда за името Постојат различни народни преданија за потеклото на селото. Според една легенда, Бело се смета за првиот доселеник на сегашното село. Тој, облечен како невеста, го убил бегот на Мелник и ја спасува својата вереничка од него. Потоа тој побегнал на планината и го основал селото кое било крстено според неговото име. Друга легенда го споменува името на селото со присуството на варовник во околината. Така, овој бел градежен материјал го дал името на селото - Белово.

Антички период

Територијата каде денес се наоѓа Белово била населена уште од античко време. Остатоци од античка населба има во месноста Двориште кое се наоѓа западно од селото. На подрачјето на Беловско Поле има и траги од доцната антика и средниот век на западниот дел од селото. Остатоци од населби што постоеле за време на антиката, средниот век и османлискиот период биле откриени западно од селото во областите Рамниште и Стражица, а источно, во пределот на Свети Илија. Во областа биле пронајдени надгробни споменици од 2 - 3 век од н.е. и плоча посветена на тракиски коњаник од 221 година.

Османлиско Царство

Првите пишани извори за Белово биле во отоманските регистри од 1611 - 1617 и 1623 - 1625 година, во кои селото се споменува со 93 муслимански и 80 немуслимански домаќинства. Во XIX век, заедно со земјоделството и сточарството, се развивило и преработката на железна руда. Покрај Беловска река имало смокви. Рудата се набавувала главно од селата Караќој, Неврокопско и Крчово и Крушево, Демирхисарско. Како резултат на тоа, железото било преработувано во 2 - 3 работилници. Од железо биле изработувни мотики, потковици, лакови и слично. Истите биле продавани во градовите Валовишта, Сер и Солун. Во втората половина на 19 век, како резултат на интензивната конкуренција на западноевропската металургија на османлискиот пазар, повеќето занаети поврзани со производство на метал и обработка на метали се намалиле.

Во 1872 или 1873 година во селото била изградена црквата „Свети Атанасиј“, насликана од Милош ЈаковлевДимитров, Владимир. Зографите от фамилията Бундовци (Минови) от Галичник и техните творби в България. Нов български университет, стр. 458. УДК. 75.052 – 05(497.7)Енциклопедия Пирински край. том 2, Благоевград, 1999, стр. 403..

Во текот на 19 век, селото било чисто македонско. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Белово (Biélovo) е село со 160 семејства и 550 МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 138 – 139..

Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото 820 жители, сите МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 187.. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 1280 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија, работело едно егзархиско училиште со 1 учител и 37 ученициBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 192 – 193..

Пред Балканските војни, селото било посетено од страна на Пејо Јаворов, кој учествувал во четата на ВМОРО. По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, девет лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети„Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 829.

Бугарија По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. Населението во периодот од 1912 - 1918 г година главно се занимавало со земјоделство и сточарство. Во 1936 година била изградена црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во центарот на селото.

Население +Население на Белово по попис Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015 Жители 722 806 804 413 119 55 32 13 5 4

+Население по возраст од 2011 година:

Културни знаменитости

Во Белово има две цркви - централната - Успение на Пресвета Богородица и постарата „Свети Атанасиј“, за кои мештаните сметаат дека е манастир. Успение на Пресвета Богородица била изградена во 1936 година на местото на еден постар храм и е една од најголемите во југозападна Бугарија. На територијата на селото има и неколку параклиси - Свети Димитар, Света Петка, Свети Костадин и Свети Илија.

Селото има многу примери на ренесансна архитектура, но во моментов голем дел од нив се веќе изгубени заради пустошењето на селото. Повеќето од зградите се типолошки под влијание Родопските куќи. Исто така, има неколку обновени кои се во приватна сопственост.

Во осумдесеттите години од минатиот век, делови од филмот „Мерка по мерка“ се снимале во селото Белово.

Црква „Св. Атанасиј“

Храмот Свети Атанасиј се наоѓа југозападно од селото во живописната област на остар рид опкружен со дол. Тоа е еднокорабна со камена конструкција. Храмот е прогласен за споменик на културата. Архитектонските одлики даваат причина да веруваме дека првично храмот бил користен како капела. Подоцна, на запад бил направен нартекс, а над него била подигната училишна зграда, која сега е уништена.

Зачувана е целата ренесансна декорација на црковниот ентериер - претежно фрескописи, како и обоен таван со ликот на Христос во централнниот дел. Фреските го покриваат целиот внатрешен простор на храмот. Над страничниот влез на храмот има комеморативен натпис, што означува дека сликата е дело на сликарот Милош ЈаковлевДимитров, Вл. Стенната живопис в храма „Св. Атанасий“ в село Бельово, Мелнишко. – Во: Изкуство и контекст. Текстове от Четвърта младежка конференция. БАН, С., 2008, 258 – 265..

Личности Родени Атанас Зајаков (? - 1922), деец на БКП Васил С. Ангелов, доброволец во Македонско-одринските доброволни чети<Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 25. Иван Ангелов, доброволец во Македонско-одринските доброволни чети„Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 27. Михаил Алексов, доброволец во Македонско-одринските доброволни чети„Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 19. Михаил Јакимов, деец на ВМОРОМакедонците в културно-политическия живот на България. Анкета от Изпълнителния комитет на Македонските братства, Книгоиздателство Ал. Паскалев и с-ие, София, 1918, стр. 102. доц. д-р Никола Илиев Лазаров, основач на економскиот факултет „Неофит Рилски“, Благоевград адвокат Илија Иванов Тутев

Наводи

Категорија:Општина Свети Врач Категорија:Села во Пиринска Македонија