мини|Мухика во 2011 г. Хосе Алберто „Пепе“ Мухика Кордано (; - ) — уругвајски политичар кој бил 40-ти претседател на Уругвај помеѓу 2010 и 2015 година. Тој е поранешен герилски борец во редовите на тупамаросите и бил затворен 13 години за време на воената диктатура во земјата во 1970-те и 1980-те. Како член на коалицијата на левичарски партии, Мухика бил министер за сточарство, земјоделство и рибарство од 2005 до 2008 година, а потоа сенатор. Како кандидат на левичарската коалиција, тој победи на претседателските избори во Уругвај во 2009 година и ја презел функцијата Претседател на 1 март 2010 година.

Мухика го опишувале како „најскромниот претседател на светот“ поради неговиот скромен животен стил и донирањето на 90 % од неговата месечна плата од 12.000 американски долари во добротворни прилози во корист на сиромашните и малите претприемачи.

Надворешни врски „Запознајте го Хосе Мухика – најсиромашниот претседател на светот!“ , „Точка“, 31 декември 2013. „Цитати од најсиромашниот претседател на светот - Хосе Мухика“, „Факултети“, 12 февруари 2015. „Најсиромашниот претседател во светот многу јасно објаснува зошто е задолжително да се исфрлат богатите луѓе од политиката“, „Мотика“. Довидување, Хосе Мухика, ќе ни фалиш“, „Е-магазин“, 2 март 2015. „Хосе Мухика – „Последниот херој во политиката“, Нова Тв, 3 март 2015. „Хосе Мухика, претседателот по кој светот копнееше“, „Плусинфо“, 18 март 2015.

Категорија:Уругвајски политичари Категорија:Претседатели на Уругвај