Шиш-ќебап (; ; ) — јадење подготвено на ражен, односно печени коцки од месо. Зборот ќебап се употребува за различни видови на јадења од печено месо. Шиш е турски збор за меч или ражен, а ќебап (כבבא) е стар арамејски збор со значење печено месо. Ова јадење е популарно низ цела Азија. Слично е на јадењето што се нарекува шашлик, кое пак потекнува од кавкаското подрачје.Davidson, Allen, "The Oxford Companion to Food", p.442.

Најчесто се подготвува од јагнешко месо (кузу-шиш) но постојат варијанти со говедско или телешко месо (дана-шиш), сабјарка (килич-шиш) и пилешко месо (тавук-шиш или шиш-тавук). Во Турција, шиш-ќебапот и зеленчукот што се сервира, се печат одвоено, односно не се печат на ист ражен.

Во Пакистан, ова јадење се смета за традиционално, и се нарекува „сек-ќебап“ (Seekh kebabs). Пакистанската варијанта на ова јадење се подготвува од мелено месо со зачини, и печено на скара или ражен. Се пече во тандир, и се сервира со чтни сос (chutney) или сос од нане. Понекогаш се служи во лебче, слично како што се служи донер-ќебапот.

Варијанти на „шиш-ќебап“

Адана-ќебап Донер-ќебап Скендер ќебап Шиш-ќофте Шиш-тавук

Поврзано Ќебап Список на кебапи

Наводи

Категорија:Турска кујна Категорија:Палестинска кујна Категорија:Пакистанска кујна Категорија:Ќебапи