Зеленградски манастир — манастир во Злетовско-пробиштипско, во источниот дел на Македонија. Се наоѓа на падините на Осоговските Планини, во близина на селото Зеленград и на околу 7 км од Злетово, непосредно на десната страна од Злетовска Река. Претставува метох на Лесновскиот манастир. Манастирот во минатото бил машки, но по неговото возобновување е женски. Посветен е на Свети Спиридон.

Местоположба

Манастирот се наоѓа на самата атарска граница на кратовското село Луково и пробиштипското село Зеленград.

Историја Манастирот за првпат се споменува во лесновски типик од XIII век. За него се знае многу малку, затоа што нема зачувани пишани записи. Познато е дека од неговото основање бил машки манастир, а по потпаѓањето на Македонија под отоманска власт бил срушен. Во периодот по Втората светска војна, манастирот бил целосно запуштен. Во 2006 година е започнато негово обновување на темелите на првобитниот манастир, при што изградбата траела 13 месеци и завршила во 2007 година. Манастирот бил осветен од страна на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан на 21 јули 2007 година, а на церемонијата на осветувањето присуствувале надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, игуменот Дамаскин и свештенослужители.„Осветен возобновениот манастир на свети Спиридон Чудотворец – метох на Лесновскиот манастир“. МПЦ. 23 јули 2016. По возобновувањето, манастирот е женски, а првата монахиња била замонашена на 27 август 2007 година. Денес во манастирот покрај монахињи има и искушенички.„Манастир „Свети Спиридон“ “. Македонска нација. 18 мај 2011.С. И.. „Возобновен и осветен манастирот „Св. Спиридон““. Вест. 23 јули 2007.

Градби Во склоп на манастирот спаѓаат две манастирски цркви и конаците.

Главна манастирска црква

Црквата се наоѓа во источниот дел од манастирот, од десната страна на влезната порта. Градбата има правоаголна основа и се состои од два дела. Изградена е од камен и тули, и целосно покриена со ќерамиди. Внатрешноста е живописана од страна на зорафите Драган Ристески од Охрид и Лазар Лечиќ од Војводина. На една од фреските е прикажано Успението на Пресвета Богородица. Камбанаријата на црквата е сместена од десната страна пред самата црква.

Параклис

Црквата претставува параклис посветен на Покровот на Пресвета Богородица.

Конаци Владичкиот конак бил изграден во 2008 година. Во конаците живеат монахињи и искушенички. Секоја година, во пресрет на празникот на Свети Спиридон, во конаците традиционално се одржува „трпеза на љубовта“.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Зеленград Категорија:Манастири во Македонија Категорија:Манастири на МПЦ Категорија:Манастири во Брегалничката епархија