Уво-Буковец — пар вулкански купи на 4 км источно од планината Плавица, над селото Близанци, Кратовско. Буковец на запад е висок 1.423 м, а Уво на исток е на висина од 1.472 м. Ги двои плитко седло на растојание од 1 км, поставено со расед во правец ССИ-ЈЈЗ. Купите се прилично симетрични, и обете се со истакнатост од околу 250 м.
Не е точно познато дали во минатото купите биле дел од една целина на чиј врв стоел кратер (подоцна уништен со раседната структура) или пак станува збор за главна и паразитска купа со сопствен механизам на дејствување (повеќефазност). По страните на купите се забележуваат траги од радијално течење на лавата, особено кон јужната и југозападната страна. Изливите биле претежно сочинети од дацити (дацитски игнимбрити). Од паразитските купи подобро се изразени Куновска Чука (1.347 м) на исток, Лески (1.073 м) на север и неколку други послабо изразени.
Целата структура Уво-Буковец, заедно со паразитските кратери, се протега на површина од околу , а лавно-вулканокластичниот материјал е распространет на површина од . Староста на оваа структура веројатно е олигоценска. Поради тоа, палеовулканските облици значително се уништени и видоизменети со подоцнежните водосоголителни процеси.
Куновска Чука Купата Куновска Чука, набљудувана од долината на Злетовска Река има особено величествен изглед, поради стрмното издигање над долинското дно во висина од околу 600 м. Ваквата истакнатост впрочем се должи на длабокото всекување на Злетовска Река од источната страна, кое се случило многу подоцна од настанокот на купата.
Поврзано Плавица Здравчи Камен Вулканизам во Македонија
Наводи
Категорија:Ридови во Македонија Категорија:Близанци Категорија:Вулкански купи Категорија:Вулканизам во Македонија