Антон Чакмаков (28 февруари 1909, Дојран - , Скопје) — македонски гинеколог-акушер, редовен професор, директор и шеф на Катедрата за гинекологија и акушерство во Скопје.д-р Марјан Димитријевски: „Декани - 1947-2012“, Скопје, Медицински факултет, 2015 г., стр. ​39-41

Животопис Антон Чакмаков е роден во Дојран. Основно и средно образование завршил во Дојран, Белград и Штип. Медицински факултет завршил во Белград, во 1936 година, а потоа стажирал во Државната болница во Скопје. Специјализирал гинекологија и акушерство во Софија, во 1942 година. За време на НОБ, тој бил активен учесник, поради што бил и апсен, отпуштан од служба, и мобилизиран како лекар во Неготино. Во 1944 година, Чакмаков станал партизан во Кавадаречко, каде бил лекар на бригадата, а потоа во партизанската болница.

По ослободувањето, бил именуван за началник во Министерството за народно здравје на НР Македонија, а потоа работел како специјалист во Гинеколошко-акушерското одделение во Скопје. Бил управник на Општата болница во Штип и шеф на тамошното Гинеколошко-акуперско одделение. Во 1951 година, тој бил избран за асистент на новоснованата Гинеколошко-акушерска клиника при Медицинскиот факултет во Скопје, каде бил избран за доцент во 1954 година, вонреден професор во 1957 година, а редовен професор во 1961 година.

Кариера Антон Чакмаков бил на бројни раководни позиции, меѓу кои: декан на Медицинскиот факултет во Скопје, во периодот од 1960-1963 година, директор на Гинеколошко-акушерската клиника и шеф на Катедрата по гинекологија и акушерство, на која позиција останал до својата смрт, бил еден од основачите и прв претседател на Синдикатот на здравствени работници на СРМ, претседател на МЛД, претседател на Здружението на гинеколози и опстетичари во Македонија, и поптпретседател на Здружението на гинеколози и опстетичари на Југославија.

Автор е на научни трудови публикувани во земјата и во странство, организатор и соработник во изработката на првиот југословенски учебник по породилство. Добитник е на награди и признанија, меѓу кои: Орден на трудот од II ред.

Наводи

Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Македонски декани Категорија:Македонски гинеколози Категорија:Македонски учебникари Категорија:Македонски партизани Категорија:Југословенски универзитетски професори Категорија:Југословенски декани Категорија:Југословенски гинеколози Категорија:Југословенски учебникари Категорија:Југословенски Македонци Категорија:Отомански Македонци Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Апсолвенти на Белградскиот универзитет Категорија:Професори на Медицинскиот факултет - Скопје Категорија:Декани на Медицинскиот факултет - Скопје