HAT-P-17 — портокалово џуџе на растојание од 92,6 парсеци или 302 светлсони години од Земјата. Има маса од околу . И во нејзина орбита има две планети, HAT-P-17b и HAT-P-17c, и двете забележани во 2012 година. Потрагата по ѕвезда сопатник користејќи ја адаптивната оптика при опсерваторијата ММТ била негативна. Кандидат придружник беше забележан со спектроскопска потрага во високоразделното К-подрачје на инфрацрвениот спектар снимен од Кековата опсерваторија.

Планетарен систем

Во 2012 година забележан е повеќепланетарен систем кој се состои од две планети во премин врел Сатурн во занесена орбита и шпланета налик на Јупитер во надворешната орбита. Планаетата во премин HAT-P-17b е забележана од страна на проектот HATNet користејќи телескопи од Хаваи, Аризона и од Вајзовата опсерваторија во Израел. Била потврдена со мерењата на радијалната брзина при Кековата опсерваторија што исто така довело и до откривање на втората планета во многу подалечна орбита. Во 2013 година мерењата на радијалната брзина на Роситер-Меклафлиновиот ефект покажале дека аголот меѓу оската на вртење на ѕвездата и орбитата на планетата b е приближно 19°.

Наводи

Категорија:Лебед (соѕвездие) Категорија:Портокалови џуџиња Категорија:Планетарни ситеми со две потврдени планети Категорија:Променливи ѕвезди поради планетарни премини Категорија:Вонсончеви планети откриени во 2010 година