Џон Хенри Марчант () беше американски машински инженер и изумител. Тој беше професор по математика и машинско инженерство и служел во резервните сили на американската морнарица.
Марчант дипломираше и докторираше на Корнеловиот универзитет. Во текот на својата кариера предаваше на Морнарската академија на САД, универзитетот „Колумбија“, Конектикатскиот универзитет и Брауновиот универзитет. На Брауновиот универзитет ја вршел и улогата на директор на Дивизијата за инженерство. Пред да ја започне универзитетската кариера, работеше за инженерската компанија „Прат и Витни“ која произведува авионски мотори. Марчант се залагаше за поголеми вложувања во академските лаборатории и истражување. Тој има повеќе патенти на неговото име.
Марчант беше оженет со Дороти Винанс во 1937 година.
Наводи
Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Корнел“ Категорија:Американци Категорија:Инженери Категорија:Професори на Морнарската академија на САД Категорија:Професори на универзитетот „Колумбија“ Категорија:Професори на Конектикатскиот универзитет Категорија:Професори на Брауновиот универзитет