мини|десно|Постарата црквичка Св. Никола — црква во охридското село Мраморец, Општина Дебрца, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Охридското архијерејско намесништво во Дебарско-кичевската епархија на МПЦ - ОА.
Црквата е градена четириесет години, од 1846 до 1886 г. и претставува гробишен храм. Во 1896 г. иконостасот, амвонот и владичкиот престол на храмот се изработени од дебарскиот копаничар Јаким Тодоров. Во него име икони од мијачкиот мајстор Крсте Колоски.Василиев, стр. 244 Се смета дека црквата била целосно завршена во 1909 г.
Храмот е изграден од кршен и делкан камен, има големи димензии и седумстрана апсида на исток, целата од бигор со слепи аркади.
На два метри југоисточно од апсидниот дел на храмот се наоѓа постарата црква, исто така посветена на Свети Никола, која претставува еднокорабен храм од камен со полукружна апсида. Во црквичката може да се забележат неколку стари, но потполно уништени, икони.Гоце Ангеличин - Жура, Христијански храмови и свети места во Охридско, Охрид, 2007
Зафати и преосветување Црквата е реконструирана во 1996 г. според плоча на фасадата.Слика од фасадната плоча До летото 2011 г. црквата се одликувала со сиромашен фрескопис и иконопис, но тогаш, таа била целосно насликана со фрески. Автор на фреските е битолскиот уметник Стефан Малбашиќ, а црквата биле преосветена на 16 септември 2012 г. Согласно каноните, храмот бил преосветен од митрополитот Тимотеј во сослужение на протојерејот Игор Никовски и свештеникот Душан Јорданоски.Преосветување на храмот „Св. Никола“ во с. Мраморец, Охрид , Дебарско-кичевска епархија
Слики
Поврзано Годивска парохија Охридско архијерејско намесништво
Наводи
Надворешни врски
Мраморец