Мацанганов мост () или Туриски мост (Γεφύρι Κρανιάς) — стар камен мост во Гребенско, Егејска Македонија.

Овој еднолачен мост ја преминува реката Венетик, близу нејзините извори, источно од гребенското село Турија. Изграден е нешто пред 1850 г. нас тариот каравански пат од Јанина и Мечово преку Милија за Гребен. Го носи името на сопственикот на нивите во околината. Долг е 16 м, широк 2,5 м и висок 5,5 м. Од едната страна е зачуван оригиналниот камен парапет, а од другата е заменет со цементен. На мостот имало бронзено ѕвоно, кое предупредувало кога имало силен ветар.

Во 1995 г. мостот е прогласен за споменик на културата.

Наводи

Категорија:Мостови во Егејска Македонија Категорија:Споменици на културата во Гребен (општина) Категорија:Појавено во 1850 година