Тистенски мост () или Турски мост (Τουρκογέφυρο) — стар камен мост во Гребенско, Егејска Македонија.
Мостот ја преминува реката Велонија, лева притока на Венетик. Се наоѓа на 3 км североисточно од гребенското село Тиста и го поврзува со селата Мавран и Мавронорес на источните возвишенија на Пинд. Изграден е на крајот од XIX век. Има два лака, од кои поголемиот има распон од 7,5 м. Вкупната должина на мостот изнесува 40 м, а широк е 3,1 м.
Во 1995 г. мостот е прогласен за споменик на културата.
Наводи
Категорија:Мостови во Егејска Македонија Категорија:Споменици на културата во Гребен (општина) Категорија:Камени мостови