Кацојанев мост (), Милосов мост (Γεφύρι Μύλου) или Светиатанасиев мост (Γεφύρι του Αγίου Αθανασίου) — стар камен мост во Гребенско, Егејска Македонија.
Мостот ја преминува реката Велониja, лева притока на Венетик. Се наоѓа на 2,5 км югоизточно од гребенското село Тиста и го поврзува со селата Мавран и Палеохор на источните возвишенија на Пинд. Со блискиот Љатички мост опслужува речиси иста маршрута. Наречен е по извесен Кацојанис, кој имал воденица по патот. Изграден е на почетокот на XIX век. Имал три лака, од кои средниот со висина од 7 м, а јужниот е уништен и заменет со армиранобетонска консрукција. Вкупната изворна должина на мостот изнесувала околу 50 м, со ширина од 2,6 м. Денес зачуваниот дел е долг 38 м и широк 2,60 м.
Во 1995 г. мостот е прогласен за споменик на културата.
Наводи
Категорија:Мостови во Егејска Македонија Категорија:Споменици на културата во Гребен (општина)