Минела Бабуковски (, – , ) — македонски партизан.
Животопис Минела Бабуковски е роден во Битола во 1921 година. По занимање бил работник-кафеџија. Уште во младите години пројавувал симпатии кон напредното движење. За време на бугарската фашистичка окупација на Македонија, а воедно и на Битола, Минела бил непријателски расположен кон окупаторот. Во 1944 година, месец март, за да даде свој придонес во општојугословенската војна против фашизмот, Минела се приклучил кон единиците на Народноослободителната војска на Југославија. Бил борец во составот на II Македонска бригада. Како борец зел учество во борбите што ги водела бригадата. Во април 1944 година, загинал во една пожестока борба кај село Острец.
Почести Во негова чест една улица во Битола, во населбата Стрелиште, го носи неговото име.
Наводи
Категорија:Македонски партизани Категорија:Жртви на Втората светска војна