Јоси Шаи Бенајун (роден на 5 мај 1980 година, во Димона) — израелски поранешен фудбалер, играч од средниот ред.

Роден во Димона, во текот на својата кариера бил познат по прекарот „Дијамантот од Димона“ во Израел и се смета за еден од најголемите израелски фудбалери на сите времиња. Поголемиот дел од својата кариера, тој го поминал играјќи во Израел и Англија и бил капитен на израелската репрезентација, чиј е рекордер по бројот на настапи (102) во моментов.

Од 2023 година, работи како спортски директор на израелската репрезентација.

Биографија Бенајун е роден во Димона, Израел, во семејство од мароканско сефардско-еврејско потекло.Benayoun hopes to get Spanish nationality in August Ynet, 17:03:05 Неговиот татко, Дуду Бенајун, исто така бил фудбалер.

Технички карактеристики Како напаѓачки настроен играч од средниот ред, тој можел да игра и како офанзивен играч од средниот ред и како лево крило. Поради неговата брзина и дриблинг, тој бил често споредуван со Кака.

Клупска кариера Почетоци Бенајун ја започнал својата фудбалска кариера на возраст од 9 години, во екипата на Хапоел Димона. На 11-годишна возраст бил етикетиран како гениј, а на 13-годишна возраст неговото лице почнало да се појавува во израелските списанија. Во 1992 година, се преселил во Хапоел Бершева, каде за да може да присуствува на тренинг, тој стопирал 60 км во двата правци заедно со својот татко.

Кога имал 15 години, Ајакс го поканил Бенајун и неговото семејство во Холандија. До својот 16-ти роденден, тој бил најдобар стрелец и најдобар играч во младинскиот тим на Ајакс, па клубот му понудил четиригодишен професионален договор. Сепак, на Бенајун и неговото семејство им било тешко да се прилагодат на Амстердам и се вратиле во Израел по осум месеци.

Хапоел Бершева На 16-годишна возраст, тој бил промовиран во сениорскиот тим на Хапоел Бершева за Лига Леумит 1997–1998, но не можел да спречи клубот да испадне во втората лига на Израел. Во последниот натпревар од сезоната против Макаби Хаифа, Бенајун изборил пенал во 90-тата минута. Голманот на Хаифа, Нир Давидович, го одбранил ударот од белата точка, но Бенајун ја сместил одбиената топка во мрежата одбиениот со што му донел победа на својот тим. Сепак, бидејќи нивниот конкурент за опстанок го добил натпреварот, тоа значело дека неговиот тим сепак ќе испадне од лигата. Неколку секунди по постигнувањето на голот, додека ја славел победата и она што го сметал за гол за опстанок во лигата, Бенајун дознал дека неговиот тим ќе испадне и се расплакал. Бенајун завршил како четврти најдобар стрелец во израелското првенство за таа сезона, со 15 гола во 25 настапи.

Макаби Хаифа По завршувањето на сезоната 1997-1998, Бенајун се преселил во Макаби Хаифа во договор потпишан од Јаков Шахар (претседател на Макаби Хаифа) и Ели Зино (поранешен претседател на Бершева), и било договорено двата клуба да ја поделат заработката од продажбата на Бенајун во некој европски клуб.

Во 1998 година, под водство на Душан Ухрин и Даниел Браиловски, Бенајун и Хаифа стигнале до четвртфиналето на Купот на победниците на куповите, а тој постигнал доцен израмнувачки гол против Париз Сен Жермен, а и исто така и против Рид во победата од 4–1. Тој, исто така, постигнал 16 гола на 29 натпревари за Хаифа во првенството.

Во 1999 година, тој се соочил со својот менаџер Ели Коен, кога Бенајун наводно одбил да биде заменет за време на натпревар. Овој инцидент, плус лошиот месец за клубот, на крајот предизвикал оставка на Коен. Во сезоната 1999–2000, првата сезона на новоформираната Премиер лига на Израел, Бенајун постигнал 19 гола на 38 натпревари за Макаби Хаифа и бил трет најдобар стрелец во првенството.

Во сезоната 2000–2001 под водство на Аврам Грант, Бенајун ја предводел Хаифа до првата првенствена титула по седум години и бил избран за најдобар играч на сезоната, откако постигнал 13 гола на 37 натпревари.

Во следната сезона, Бенајун му помогнал на Макаби Хаифа да освои уште едно првенство, и покрај тоа што се повредил на почетокот на сезоната. Кога се вратил во акција, тој бил еден од клучните играчи и соработувал одлично во нападот со Џовани Росо, Рајмондас Жутаутас и Јакубу Ајегбени давајќи значаен придонес за освојувањето на првенството. Во својата последна сезона со Макаби Хаифа, Бенајун постигнал 7 гола во 28 натпревари.

Бенајун одиграл вкупно 130 натпревари во дресот на Макаби Хаифа, постигнувајќи 55 гола.

Расинг Сантандер Во април 2002 година, Бенајун потпишал петгодишен договор со шпанскиот клуб од Примера Дивисион, Расинг Сантандер, кој стапил на сила во летото истата година. Своето деби за клубот го направил во натпреварот од првото коло на првенството против Реал Ваљадолид загубен на домашен терен со 0-1. Својте први голови (постигнал два) во дресот на Расинг ги постигнал на 15 декември 2002, во победата со 3-0 над на Ел Сардинеро.

Во Расинг Сантандер, Бенајун поминал три сезони забележувајќи вкупно 101 настап и 21 постигнат гол. Тој бил редовен стартер во најголемиот дел од својот престој во клубот и имал значител придонес во секоја сезона помагајќи му на клубот кој главно се борел за опстанок да избегне испаѓање во секоја од неговите три сезони во клубот. Во неговата последна сезона, тој постигнал 9 гола во првенството, вклучувајќи го и хет-трикот во победа со 1-4 против Депортиво Ла Коруња.

По завршувањето на сезоната 2004-2005, Сантандер одлучил да профитира од Бенајун продавајќи го на неговите агенти Пини Захави и Ронен Кацав за 3,5 милиони евра. Бенајун одбил трансфер од 5 милиони евра во ЦСКА Москва, претпочитајќи преселба во Англија или останување во Шпанија. Ова предизвикало голем интерес за играчот, а како најверојатни кандидати за неговиот потпис се сметале Њукасл Јунајтед, Тотенхем Хотспар, Ливерпул, Болтон Вондерерс, Реал Сосиедад и Депортиво Ла Коруња.

Вест Хем Јунајтед Во јули 2005 година, новопромовираниот тим во Премиер лигата на Англија, Вест Хем Јунајтед, го комплетирале трансферот на Бенајун за надомест од 2,5 милиони фунти; играчот потпишал четиригодишен договор."West Ham complete Benayoun swoop", BBC Sport, 19 July 2005. Retrieved 23 June 2007. Менаџерот Алан Пардју го поздравил потпишувањето, наведувајќи ја способноста на Бенајун да „отвора врата кога тимовите се во тешка ситуација“, додека Бенајун открил дека е возбуден од можноста да игра за Вест Хем и во Премиер лигата..

Тој го имал своето деби во Премиер лигата за Вест Хем во првото коло од сезоната 2005–2006, на 13 август 2005 година, во победата со 3-1 над Блекбурн Роверс. Тој го постигнал својот прв гол во Премиер лигата во победата од 4–0 на домашен терен над Астон Вила на 12 септември 2005 година.

Во мај 2006 година, Бенајун играл во финалето на ФА купот за Вест Хем против Ливерпул во Кардиф, каде што Вест Хем загубиле по изведување на пенали откако натпреварот завршил со нерешен резултат 3–3."Reds in seventh heaven", The Football Association, 13 May 2006. Retrieved 4 June 2014. Бенајун постигнал пет гола во 34 првенствени натпревари во својата прва сезона во Вест Хем и три гола во 29 настапи во својата втора сезона. Неговиот последен натпревар за Вест Хем бил во победата од 1–0 против Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд на 13 мај 2007 година, натпревар во кој Вест Хем избегнале испаѓање благодарение на победничкиот гол кој го постигнал Карлос Тевес.

Ливерпул Во летото 2007 година, Бенајун се преселил во Ливерпул под контроверзни околности. Тој усно се согласил на нов четиригодишен договор со Вест Хем во мај 2007 година, само за да се откаже од истиот во обид да се пресели во Ливерпул. Контроверзноста се заострила на 10 јули кога израелските медиуми објавиле дека агентот на Бенајун, Ронен Кацав, се согласил на договор со Ливерпул, што би значело дека Бенајун ќе прима пониска плата од 50.000 фунти неделно што ја понудил Вест Хем во мај."Benayoun leaves West Ham for Liverpool", ynetnews.com, 10 July 2007. Retrieved 10 July 2007. На 12 јули, Ливерпул објавил на својата официјална веб-страница дека потпишувањето на Бенајун е завршено, трансфер вреден 5 милиони фунти, при што тој потпишал четиригодишен договор."Benayoun signs for Liverpool" , Liverpool F.C., 12 July 2007. Retrieved 4 June 2014."Benayoun seals Liverpool transfer", BBC Sport, 12 July 2007. Retrieved 14 July 2007.

Бенајун бил претставен како играч на Ливерпул заедно со Рајан Бабел на 13 јули, и му бил даден дресот со број 11. Своето деби за „црвените“ го имал на 15 август против Тулуза во првиот натпревар од третото квалификациско коло за Лигата на шампионите. На своето деби во првенството, Бенајун појавувајќи се од клупата забележал асистенција за голот на Чаби Алонсо во победата со 6-0 над Дарби Каунти. Неговиот прв гол за Ливерпул дошол на 25 септември 2007 година, кога постигнал гол против Рединг во победата со 2-4 во третото коло на Лига купот. На 7 ноември 2007 година, во натпревар на домашен терен од Лигата на шампионите против Бешикташ во групната фаза, Бенајун постигнал хет-трик во победата на Ливерпул од 8–0 против тимот од Истанбул. Кон крајот на јануари, тој постигнал уште еден хет-трик против нисколигашот Хавант енд Вотерлувил во победата со 5-2 на Анфилд во четвртото коло на ФА купот. Бенајун ја завршил успешната прва сезона во Ливерпул со 48 одиграни натпревари и 11 постигнати гола, вклучувајќи и четири гола во Премиер лигата против Виган Атлетик, Портсмут, Астон Вила и Бирмингем Сити.

Неговите настапи не биле доволни за да ги спречат гласините за трансфер во летото 2008 година. Ова довело до тоа израелецот отворено да ја објави својата намера да остане, велејќи: „Ливерпул е добар за мене и секогаш ми беше јасно дека сакам да останам и дека Ливерпул ме сака мене“. Пред почетокот на неговата втора сезона, Бенајун го зел неговиот омилен број на дресот 15 (претходно носен од Питер Крауч во сезоната 2007-2008, но бил испразнет по неговиот трансфер во Портсмут), кој претходно го носел во Хапоел Бершева, Макаби Хаифа, Расинг Сантандер, Вест Хем Јунајтед и во израелската репрезентација.

На 6 декември 2008 година, Бенајун го постигнал својот прв гол во сезоната 2008–2009 во победата на Ливерпул од 3–1 над Блекбурн Роверс. На 25 февруари 2009 година, Бенајун постигнал гол со глава по слободниот удар на Фабио Аурелио во 82-рата минута во натпреварот против Реал Мадрид на стадионот „Сантјаго Бернабеу“ во осминафиналето на Лигата на шампионите, во којшто Ливерпул победил со 1-0. На 4 април 2009 година, Бенајун влегол како замена во натпреварот на Ливерпул против Фулам и го постигнал победничкиот гол во 94-тата минута. На 21 април 2009 година, во домашниот натпревар против Арсенал, тој постигнал гол со глава и израмнил со волеј-удар во судиското надополнување за да го израмни резултатот на 4–4. Својата втора сезона на Анфилд ја завршил на спектакуларен начин; постигнувајќи по еден гол во секој од последните три домашни натпревари на Ливерпул. Во сезоната 2008–2009, Бенајун одиграл 39 натпревари, постигнувајќи 9 гола, од кои осум биле во првенственото. Во втората половина од сезоната, тој ја зацврстил својата позиција во почетната постава на Ливерпул.

На 6 јули 2009 година, тој потпишал двегодишно продолжување на договорот со кое бил врзан за клубот до 2013 година. На 12 септември 2009 година, тој го постигнал својот прв хет-трик во Премиер лигата за Ливерпул во победата од 4–0 против Барнли. Со ова, тој станал првиот играч во историјата кој постигнал хет-трик во Премиер лигата, Лигата на шампионите и ФА купот, но подоцна му се придружиле Серхио Агуеро,Хари Кејн и Ерлинг Холанд, како единствени играчи на кои им успеал овој подвиг.4 Players have scored a hattrick in the UEFA Champions League, Premier League and the FA Cup; Onside Footy on Facebook Тој го постигна првиот гол во победата на Ливерпул од 3–0 над неговиот поранешен клуб Вест Хем. Последниот гол на Бенајун за клубот дошол во полуфиналето на Лига Европа 2009-2010 против Атлетико Мадрид; Бенајун постигна гол во продолжението за да му даде на Ливерпул водство од 2–1, пред Диего Форлан да постигне гол за пласман на Атлетико во финалето.

Челси