Abies × borisii-regis (македонска ела) е хибриден вид ела што расте на планините на Балканскиот Полуостров во Македонија, Бугарија, северна Грција, Косово, Албанија и Србија. Се јавува на надморски височини од 800-1800 метри, на планини со годишни врнежи од над 1000 мм.Farjon, A. (1998). World Checklist and Bibliography of Conifers. Royal Botanic Gardens, Kew .Rushforth, K. (1987). Conifers. Helm .Rushforth, K. (1999). Trees of Britain and Europe. Collins .Gymnosperm Database: Abies borisii-regis

Опис Ова е дрво високо до 40 метри, со пирамидална круна. Младите гранчиња се светложолтеникави, многу влакнести, а постарите се зеленикаво светлокафеави. Влакна има и по старите гранчиња. Пупките се смолести, листовите расперени, густи и на горната страна на гранчињата, долги до 30 мм, широки 1,5-2 мм, кожести, на врвот постепено се стеснуваат, заострени, целокрајни или многу малку всечени на врвот. На долната страна има две бели пруги.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 77-78, МАНУ, Скопје, 1985

Шишарката е цилиндрична, долга до 15 см, широка 4-5 см. Семето е асиметрично, долго 7-9 мм, со кафеаво крилце, кое е двапати подолго од семето.

Во Македонија Во Македонија е често дрво западно од реката Вардар, и тоа пред сè во шумскиот појас од 1000-1800 метри, каде образува чисти шуми или доаѓа заедно со други дрвенести видови. Оваа ела ја има на Шар Планина, Рудока, Бистра, Јакупица, Караџица, Кораб, Галичица, Пелистер, Ниџе, Дудица, Кожуф, Беласица и др.

Според обликот на игличките, кои силно варираат, почнувајќи од цечокрајни и шиловидно заострени врвови, па сè до тапи и повеќе или помалку всечени иглички, можат да се разликуваат повеќе форми.

На некои места, на пример во околината на Маврови Анови, според обликот на листовите многу се приближува кон Abies alba, но сепак тука станува збор за една посебна форма на оваа ела.

Наводи

Надворешни врски

Abies borisii-regis . Карта на дистрибуција, генетски единици за зачувување и сродни ресурси. Европска програма за шумски генетски ресурси (EUFORGEN)

Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Грција Категорија:Флора на Бугарија Категорија:Флора на Албанија Категорија:Ела Категорија:Статии со микроформати за вид