Мала Река (или Борисова Населба) — викенд–населба во Општина Студеничани, во околината на градот Скопје.
Географија и местоположба Населбата се наоѓа на самата Мала Река (по која го добила името), која е десна притока на Кадина Река, во атарот на селото Алдинци.
Историја Населението од Алдинци на земјиштето на Мала Река имало сточарски трла, каде престојувале за време на летниот период. На почетокот на ХХ век, некои семејства од Алдинци започнале да живеат во сточарската населба постојано. Првиот човек што се населил се викал Бектеш. Потоа започнуваат да се градат викенд куќи.
Демографија Во 1951 година, населбата имала 10 албански домаќинства.
Според пописот од 2021, за населбата се води посебен пописен круг, кадешто се забележани 96 објекти (викендици), без постојани жители и домаќинства.Пописни кругови – Попис 2021, Државен завод за статистика на РСМ.
Општествени установи Во населбата постои џамија под името „Мала Китка“.
Поврзано
Торбешија Општина Студеничани Скопје
Наводи
Надворешни врски