Димко Богов, познат по псевдонимот Даскала (Велес, 1870 — Колешино, 1920) — македонски револуционер, член на Врховниот македонски комитет и војвода во Македонската револуционерна организација. Учесник во Горноџумајско и Илинденско востание.
Животопис лево|мини|304x304пкс|Богов со неговата чета во Битола, за време на Хуриетот. лево|мини|303x303пкс|Милан Матов со окружните војводи на ВМОРО по Хуриетот, јули 1908 г.Прв ред (седнати), од лево кон десно: Трајко Зојката, Крсте Малинков, Славчо Пирчев, Ангел Базернишки и Божин В'лчев.Втор ред: Димко Николов, Крсте Љондев, Блаже Крстев, Милан Матов, Крсто Трајков и Крсто Алексов.Трет ред (стоејќи): Ѓорчин Велјанов, Георги Ралев, Никола Досев, Петре Костурчето, Димко Богов, Петар Христов, Лазар Цириов и Стојан Мариовчето. Димко Богов е роден во 1870 година во градот Велес, тогаш дел од Отоманското Царство. Произлегува од сиромашно семејство. Поради тоа од млада возраст се занимавал со печалбарството и се преселил во Кнежевството Бугарија. При неговиот престој во Софија се запознал со македонското револуционерно движење. Пред 1902 година се приклучил во Врховниот македонски комитет.
За време на Горноџумајското востание, Богов се приклучил во четата на Димитар Зографов од Велес. По востанието се вратил во Вардарска Македонија каде се приклучил во Македонската револуционерна организација. Кога почнало Илинденското востание, Богов соработувал со врховистите и се приклучил во Беласишкиот одред на Петар Дрвингов. Одредот бил составен од четири чети и главен воен штаб. Богов бил дел од втората чета со осум други борци. На 19 август учествувал во борбата против турските аскери кај врвот Албутин, Разлошко. Следниот ден учествувал во борбата кај врвот Георгица кај северниот дел на Пирин планината. По востанието бил дел од четите на Петар Ацев, Георги Сугарев и Иван Наумов Алабаката.„Дневник на четите, изпратени в Македония от пункт Кюстендил. 1903 – 1908“, ДА-Враца, ф. 617к, оп.1, а.е.1, л.31„Дневник на четите, изпратени в Македония от пункт Кюстендил. 1903 – 1908“, ДА – Враца, ф. 617к, оп.1, а.е.1, л.37„Дневник на четите, изпратени в Македония от пункт Кюстендил. 1903 – 1908“, ДА – Враца, ф. 617к, оп.1, а.е.1, л.52 – 53
Во 1907 година бил назначен за околиска војвода кај Кичевскиот револуционерен реон. Во почетокот на Хуриетот, Богов соработувал со Младотурците но откако изгубил надеж се вратил во Софија. За време на Првата балканска војна, Богов се приклучил во Бугарската војска, поточно Македоно-одринските чети. Војвода бил на чета во Кичевско,Гоцев, Димитър. Национално-освободителната борба в Македония 1912 - 1915, Издателство на БАН, София, 1981, стр. 21. поради неговото учество бил награден со орденот „За храброст“.
За време на бугарската окупација на Струмица, по Втората балканска војна, Богов бил назначен за полициски началник во селото Колешино. По Првата светска војна, селото паднала под српска окупација. Богов работел како полицаец сѐ до неговата смрт во 1920 година кога бил убиен од контрабандисти.
Наводи
Категорија:Луѓе од Велес Категорија:Родени во 1870 година Категорија:Колешино Категорија:Починати во 1920 година Категорија:Дејци на МРО Категорија:Дејци на ВМОК Категорија:Учесници во Илинденското востание Категорија:Македонски револуционери Категорија:Македонски војводи Категорија:Отомански Македонци Категорија:Македонци од Балканските војни Категорија:Македонци од Првата светска војна