мини|десно|250п|Поглед на островот Видринец од брегот на Л’нки. Л‘нки или Л’нги (без дијалектна носовка: Л’ки или Л’к/Л’г), познато и како Лок (, Микролимни, до 1928 г. Λάγκα, ЛагаΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Λάγκα - Μικρολίμνη) — село во Преспанско, Егејска Македонија, денес во општината Преспа на Леринскиот Округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 40 жители (2021), кои и денес се исклучиво Македонци.
Географија Селото се наоѓа на источниот брег на Малото Преспанско Езеро, во подножјето на планината Корбец, односно Богданица и Гуменџа.
Топонимија Ова е список на позначајните топоними во Л’нки и неговата околина:
Бушкани, Врба, Горбец, Глуваро, Граиште, Дупките, Елевчињата, Зиморчето, Ливадје, Лочица, Малоа Ливаичка, Меризо, Меркурија, Присо, Света Петка, Селце и Слого.
Историја
Во Отоманското Царство Во XV век во Л’нка по име се запишани 68 глави на домаќинствата.Гандев, Христо. „Българската народност през XV век. Демографско и етнографско изследване“, Наука и Изкуство, II изд., София, 1989.
Постарата црква „Св. Петка“, која е вон самото село, е изградена во XVIII век, додека пак централно поставената „Св. Атанасиј“ е подигната многу подоцна, во 1908 г.Evyenidou, Despina. Ioannis Kanonidis, Thanasis Papazotos. The Monuments of Prespa, Archaeological Receipts Fund, 1991, стр.87 Во атарот на селото спаѓа и островот Видринец со неговата Видринечка црква (ΧIII - XIV век), денес во урнатини.
Во XIX век е забележано дека Л’нки било чисто македонско село во Битолската Каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Лаш (Lach) бил осело во Ресенската каза со 15 домаќинства од вкупно 42 жители Македонци.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 88-89. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото се состоело од 150 Македонци христијани.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 242.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Лак се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 25 куќи.
По Илинденското востание во 1904 г. целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том II, София, 1993, стр. 125. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Л’к (Lak) имало 120 Македонци, сите под егзархијата.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 170-171. Нешто подоцна Боривое Милоевиќ завел дека Л’к имал 25 македонски куќи.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. Л’нки е припоено кон Грција, кога населението броело 203 жители. Во 1920 г. во селото се попишани 202 лица, а во 1928 г. се заведени 360 жители, бидејќи тука било вбројано и соседното Дреново. Истата година властите го преименувале во Микролимни, што е грчки превод на името на езерото (букв. Мало Езеро). Во периодот меѓу двете светски војни, 29 лица од Л’нки се иселиле во прекуокеанските земји, а некои ги повлекле и семејствата. Сепак, во 1940 г. забележано е дека населението пораснало на 316 жители.
Селото многу настрадало во Грчката граѓанска војна, поради што 70 семејства и поединци морале да се иселат во НР Македонија и источноевропските земји. Оттука, според пописот во 1951 г. во Л’нки останале само 96 жители, чиј број во 1961 г. се накачил на 149, за да падне на 114 во 1971 и 71 во 1981 г. На пописот од 1991 г. населението се зголемило на 92 жители, но во следните десетлетија продолжило да опаѓа — на 71 во 2001 и 46 во 2011 г.
Во државно истражување од 1993 г. е утврдено дека селото било чисто „славофонско“, т.е. македонско.Riki Van Boeschoten. "Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)"
Население
Културни и природни знаменитости Цркви Црква „Св. Петка“ од XVIII век Црква „Св. Атанасиј“ од 1908 г. Видринечка црква од XIII - XIV век на островот Видринец во атарот на Л’нки
Личности Атина Апостолова (1946 – 2024) — народна пејачка
Поврзано Голема Преспа Мало Преспанско Езеро Видринец
Наводи
Надворешни врски
Страница за Л’нки — портал на Општина Преспа
Категорија:Л’нки