Лехово или Елеово (, Лехово; 1955-1956 г. Ηρωϊκό, ИроикоΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ηρωϊκόν -- ΛέχοβονΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ηρωϊκόν -- Λέχοβον) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Суровичево на Леринскиот Округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 1.115 жители (2011), од кои мнозинството се Албанци (Арванити).
Географија Селото е сместено 60 км јужно од Лерин, на главнииот пат од Суровичево за Костур. Лежи во подножјето на Врбишка Планина, која е јужен дел на Вич (Вици). Во неговиот атар денес е и земјиштето на селото Врапчин, напуштено во 1980 г.
Историја Во Отоманското Царство Како што може да се види до неговото име, селото првично било македонско. Во XIX век претрпело демографска промена кога во него се населиле Албанци христијани (Тоски) и малку влашки семејства од Епир. Преселбата се случила поради неподносливите услови за живот на епирските разбојничките банди, во истиот бран кога нивните сонародници ги населиле и другите лерински села Бел Камен, Негован и Елово. Во 1868 г. во селото е изградена црквата „Св. Димитриј“, која денес е споменик на културата. На крајот на векот Лехово станало голема паланка со албанско и влашко население, кое било со прогрчка настроеност. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника се вели дека во 1873 г. Елеово (Eléovo) имало 300 домаќинства и 900 жители Албанци.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 110-111.
Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Лехово:
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) 1900 г. Елеово (Елехово) имало 750 жители Арнаути и 90 жители Власи.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 250. Според грчки податоци, во селото живееле 2.500 албанојазични лица со грчка национална свест.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Елеово се води како чисто албанско православно село во Костурската Каза на Горичкиот Санџак со 150 куќи.
Речиси целото население ѝ било верно на Цариградската патријаршија. Гратчето било упориште на грчките и гркоманските андарти кои војувале со македонските чети на ВМРО.Даскалов, Георги. Българите в Егейска Македония, МНИ, София, 1996, стр. 45. За време на Илиденското востание селото е запалено од турски единици.„Автономија“, бр. 43, наведено во: Тзавела, Христофор „Дневник на костурския войвода Лазар Киселинчев“, София, 2003, стр.23.
По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Елеово имало 90 Власи и 750 Албанци, и во него работело влашко училиште.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 176-177. Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, пред Балканските војни Лехово имало 380 албански куќи, испуштајќи ги влашките.
Во Грција мини|десно|250п|Етнографскиот музеј По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 1.691 жител. Во 1920 г. тие се намалиле на 1.172 лица, а во 1928 г. селото имало 1.292 жители.
Во 1940 г. во Лехово е забележан пораст на 1.477 жители. Во Втората светска војна селото настрадало во борбите меѓу германски единици и грчка паравоена чета, кога било запалено.Добрин Мичев. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.) Иноформацијата може да се однесува на селото Елово. Бидејќи не настрадало значајно во Граѓанската војна, во 1951 г. тука живееле 1.195 лица. Во 1955 г. грчките власти го смениле македонското име на селото во Ироико, што значи „јуначко“. Поради силното противење на населението, следната година му е вратено името Лехово. Во 1998 г. Лехово е прогласено за село-херој. Бројот на населението е устојчив, иако уште одамна постои традиција на иселување во внатрешноста на Грција, како и одење во прекуокеанските земји.
Според истражување од 1993 г. селото е албанско (арванитско) и во него албанскиот јазик (тоскиско наречје) е зачуван на средно ниво, а влашкиот на ниско.Riki Van Boeschoten. "Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)"
Население
Културни и природни знаменитости Црква „Св. Димитриј“ од 1868 г. Црква „Св. Петка“ од 1946 г. Црква „Св. Мина“ Етнографски музеј
Стопанство Главно занимање на жителите е ѕидарството, а во помала мера се застапени земјоделството, сточарството и шумарството.
Галерија
Поврзано Етнографски музеј (Лехово) Нередска Планина
Наводи
Надворешни врски
Официјален портал на Лехово Страница за Лехово Фолклорен музеј на Лехово
Категорија:Суровичево Категорија:Албански населби во Грција