Медово (, Милиона или Μηλεών, Милеон; до 1926 г. Μέδοβο, МедовоΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μέδοβον - Μηλιώνας) — преспанско село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Преспа на Леринскиот Округ во Западна Македонија, Грција. Населението брои 5 жители (2021).
Географија Селото се наоѓа 40 км северозападно од Лерин, на подножјето на планината Бела Вода недалеку од Малото Преспанско Езеро, на надморска височина од 880 м.
Топонимија Подолу погледајте го опширниот список на топонимите во Медово.
Историја
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Медово (Médovo) било село во Ресенската каза со 15 домаќинства и вкупно 40 жители Македонци.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 88-89. Во истиот период, Милоевиќ го завел селото со 20 македонски куќи.
На почетокот на XX век Медово е заведено како чисто македонско село во Битолската Каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. в селото живееле 100 Македонци христијани.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 242. По Илинденското востание во 1904 г. целото село преминало под врховенството на Бугарската егзархија.Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том II, София, 1993, стр. 125. Податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) вела дека во 1905 г. во Медово има 120 Македонци.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 170-171.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Медово се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 18 куќи.
Во првите денови на април 1908 г. властите извршиле претрес на селото, а испитувањата се спроведени со измачувања и насилство.Одрински глас, брой 15, 20 април 1908, стр. 4.
Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога имало 130 жители. Во 1926 г. името му е сменето во Милионас. Во 1928 г. државната статистика бележи 161 жител.
Во 1949 г. целото население го напуштило селото поради борбите во Граѓанската војна. Дел од жителите се преселиле во Р. Македонија, а други заминале во источноевропските земји. Така, од 209 жители во 1940, Медово се свело на село без жители во 1951 г. Подоцна, малубројните преостанати семејства кои биле засолнети во внатрешноста на земјата добиле дозвола да се вратат во селото. Воедно дошле и две доселенички семејства. Така, во пописот од 1961 г. се заведени 107 жители, но поради масовното отселување во прекуокеанските земји во 1971 г. нивниот број опаднал на 47 и продолжил да се намалува.
Во 1925 г. во Медово е изградена црквата „Свети Никола“.
Население
Список на топоними Ова е список на позначајните топоними во Медово и неговата околина:
Родови
Каде и да се отселени медовци се потомци на следните родови кои живееле во селото:
Алабашовци Димовци Каранфиловци Лозановци Лазаровци Најдовци Петковци Поповци — доселени од с. Нивици Ралевци Стојановци Стефовци Трајковци
Некои од наведените родови водат потекло од некогашното село Опаја
Личности
Ристо Каранфилов — македонски револуционер од ВМОРО.
Самоуправа и политика Селото припаѓа на општинската единица Преспа со седиште во Р’мби, која припаѓа на поголемата општина Преспа, во округот Лерин. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Р’мби, во кој спаѓа и селото Р’мби.
Наводи
Категорија:Преспа (општина)