Негован (, Фламбуро; до 1928 г. Νεγοβάνη, Неговани;Πανδέκτης - Μετονομασίες ) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на истоимениот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 420 жители (2011).
Географија Селото е сместено 15 км југоисточно од Лерин, во подножјето на разграноците на Нередска Планина наречени Темен Врв и Невешка Планина.
Историја Во Отоманското Царство мини|десно|250п|Негован во 1906-07 г. Фотографија на Браќата Манаки. мини|десно|250п|Албанското училиште во Негован во 1909 г. мини|десно|исправено|Српски извештај за албанските чети кај Негован, 23 септември 1909 г. Во османлиските дефтери на христијанското население на Леринскиот вилает од 1626-27 г. се вели дека Негован има 15 христијански домаќинстваТурски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 334.
Сè до почетокот на XIX век Негован било македонско село, но речиси целото население го напуштило поради разбојништвото во тој период. Кон средината на тој век тука се доселиле епирски Албанци христијани (т.е. Тоски) и помал број Власи, а со време и мал број македонски семејства од околината. Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) селото било обновено околу 1860 г. од Албанци преселници од селото Пеликат, Коничко во Епир.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 88. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ за 1873 г. Негован е посочен трипати — еднаш како Неговин (Négovine) од Леринската Каза со 60 домаќинства и 126 жители Македонци, вторпат како Неговани (Négovani) од Леринската Каза со 45 домаќинства со 160 жители Македонци и третпат како Негован (Négovane) во Костурската Каза со 20 домаќинства и 85 жители Албанци.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.82-83, 84-85 и 108-109. Изгледа дека првите два податока се однесуваат на селото пред да биде иселено и одновно пренаселено.
На крајот од XIX век Негован било големо село со христијанско прогрчко албанско и влашко население. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Негован имал 620 жители Арнаути и 100 жители Власи.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 250. Грчката пропаганда меѓу населението била многу успешна, веројатно уште кога живееле во Епир. Сите жители биле приврзаници на Цариградската патријаршија. Според некои автори, заедно со соседните грокмански албанско-влашки села Бел Камен и Лехово, Негован бил упориште на грчките андарти, во нивната борба против македонските чети на МРО.Даскалов, Георги. Българите в Егейска Македония, МНИ, София, 1996, стр.44 и 48. Според други автори, Негован било село кое „симпатизира со Македонците и ги прима сите чети“.Матов, Милан. За премълчаното в историята на ВМРО. Спомени, Второ издание София 2011, с. 122.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Неговар се води како мешано село населено со Албанци, Власи и Македонци во Леринската Каза на Битолскиот Санџак со 331 куќа.
Во 1897 г. отецот Кристо Неговани отворил албанско училиште и направил обид да ја разбуди албанската национална свест меѓу соселаните. Меѓутоа, на 12 или 13 февруари 1905 г. Неговани е убиен од четата на Јоанис Пулакас по порачка на костурскиот владика Германос Каравангелис. При истото влегување во Негован, Пулакас ги убил и Власите Г. Томаидис и поп Теодосиј, застапници на романската пропаганда, како и Македонците Типе и Нико, роднини на Митре Влаот.
Егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) дава речиси двојно повеќе жители за 1905 г. — 1.080 Албанци христијани, 300 Власи, 110 „Грци“ (погрчени) и 96 Македонци, сите под патријаршијата.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 176-177.
Според грчки податоци во селото имало 100 албанојазични и 100 влахојазични семејства под патријаршијата (гркомани) и 50 Власи со романска свест.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога населението броело 1.133 жители. За време на војната Грците го убиле негованскиот свештеник Кирил.Македония История и политическа съдба, Том II, 1912 - 1941 г.“, Колектив, Издателство „Знание“ ООД, София, 1998 г., стр. 25. Во 1920 г. Негован се намалил на 828 лица, веројатно како последица од војните. Во 1928 г. селото е преименувано во Фламбурон, што значи „знаме“. Во 1932 г. е забележано дека во Негован живееле 210 семејстваа, од кои повеќето зборувале албански (тоскиско наречје), а мал дел македонски и романски. Од нив, 44 семејства биле со „изјавена романска свест“. Во 1940 г. во селото се попишани 1.170 жители кои во 1945 г. станале 1.346, наводно сите со грчка национална свест.
Селото не настрадало во Граѓанската војна, па оттука само малку лица се иселиле во Р Македонија и источноевропските земји, но и покрај тоа бројот на жителите бележел пад. Ова намалување продолжило во следните десетлетија и трае до денес, претежно заради иселување во прекуокеанските земји и поголемите градови.
Во истражување од 1993 г. е утврдено дека селото е чисто албанско и дека во него албанскиот јазик е зачуван на средно ниво.Riki Van Boeschoten. "Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)"
Цркви „Успение на пресв. Богородица“ (1861) „Живоносен Извор“ (1900) „Св. Кузман“ (1975)Потал на поранешната општина Кучковени
Население
Стопанство Главно занимање на сеаните е ѕидарството, како и во другите албански села во Леринско. Делумно се застапени сточарството и земјоделството.
Личности мини|150п|Кристо Неговани мини|150п|Никола Христов Родени во Негован Атанас Димитриј — зограф од XIX век, во 1889 г. Насликал икони за црквата „Св. Никола“ во Брајчино и иконата „Пресвета Богородица Патоводителка“ (1840) во храмот „Св. Никола“ во Штрково со потпис „ιά χειρ(ός) Αθανασίου Δημη(τρίου)“ Васил Неговани (? – 1910) — албански духовник Капетан Дедо Георги Неговански — македонски ајдутин и револуционер Кристо Неговани (1875 – 1905) — албански духовник, општественик и писател Никола Христов (1885 – 1927) — македонски револуционер Кочи Ѕоѕе (1917 – 1949) — албански политичар Георги Сидер — гркомански андартски капетан Илијас Пинис — гркомански андартски капетан Николаос Пинопулос — гркомански андартски капетан
Починти во Негован Андонис Зоис (? – 1941) — гркомански андартски капетан
Поврзано Леринско Поле
Литература Ανωνύμου, "Η Νεγοβάνη", Μακεδονικό Ημερολόγιο 1908. Βόγας, Αναστάσης, “Φλάμπουρο Φλωρίνης, 1861-1944”, Φλώρινα 1993. Στυλιάδης, Χαράλαμπος Ι., "Το χωριό Φλάμπουρο (Νεγοβάνη), Ν. Φλώρινας", Θεσσαλονίκη 1990. Στυλιάδης, Χαράλαμπος Ι., “Λαογραφικά του γάμου στα χωριά Φλάμπουρο και Δροσοπηγή Νομού Φλωρίνης”, Θεσσαλονίκη 1993.
Наводи
Надворешни врски
Негован (Фламбуро) — профил на грчки географски протал
Категорија:Лерин Категорија:Албански населби во Грција