Водачи Претседател - Киро Глигоров Премиер - Бранко Црвенковски (до 30 ноември); Љубчо Георгиевски (од 30 ноември); Претседател на Собранието - Тито Петковски (до 19 ноември); Саво Климовски (од 19 ноември);
Настани јануари 1 јануари - стапи во сила Спогодбата за трговска и финансиска соработка на Македонија со ЕУ„Македонија е сè што имаме“, Киро Глигоров (2001), стр. 550.. 4 јануари - Бомба во зградата на УВР Прилеп (околу 21.30). 4 јануари - Бомба во УВР Куманово (10 минути подоцна). 26 јануари - официјална посета на претседателот Глигоров во Русија, по покана на неговиот колега, Борис Елцин.
февруари 28 февруари - во градот Гоце Делчев е одржан Обединувачки конгрес на фракциите и на групите на ОМО Илинден (со исклучок на групата на Јордан Костадинов).
март thumb|десно|100px|Демократска алтернатива 11 март - Потпишана Спогодбата за трговија и текстил (иако, истата била во сила од 1 август 1997 година). Спогодбата важела до 31 декември 1998 година. Сепак, почнувајќи од 1 јануари 2000 година насила е обновената Спогодба за трговија и текстил. 21 март - Во Скопје се одржа Основачкото собрание на политичката партија Демократска алтернатива. За претседател е избран д-р Васил Тупурковски. 21/22 март - Во Скопје, се одржал првиот состанок на заедничкиот Совет за соработка. Советот се формирал со цел да ја следи реализацијата на Спогодбата за соработка, постигнувањата и развојот во структуралните реформи, како и да дава сугестии и насоки во врска со одредени специфични прашања;
април
мај 19 мај - прелет на авиони на НАТО од типот на АВАКС, во рамките на мисијата на ПзМ. 21 мај - Експлодира бомба на ул. "Димитрие Чуповски" во Скопје. 25 мај - Експлодира подметнатата експлозивна направа на влезот на Полициската станица "Бит пазар" во Скопје.
јуни 15 јуни – Во Република Македонија беше изведена воздушна вежба на НАТО "Решителен сокол", со учество на 79 авиони. На вежбата учествуваа и припадници на единицата за специјални намени "волци".
јули 20 јули - Експлозии: на отворената пруга Табановце; во кругот на Полициската станица во Куманово и пред влезот во касарната. 29 јули - Европската комисија за човековите права ја разгледа и ја прифати тужбата на ОМО Илинден против Република Бугарија и ја упати до Европскиот суд во Стразбур.
август септември /* 11 – 18 септември – На полигонот "Криволак" се одржа мултинационалната вежба "Најдобар кооперативен зафат '98" со учество на 26 земји, од што 13 земји членки на НАТО и исто толку на ПзМ. 30 септември - Во Скопје почна да работи МИА (Македонска информативна агенција).
октомври 18 октомври - Во Република Македонија се одржува првиот круг од третите парламентарни избори.
ноември 13 ноември - Судот во Благоевград ја одби регистрацијата на ОМО Илинден (претседател Јордан Костадинов). Сите пројави на организираните Македонци се забрането. Неколку лица се уапсени, а Васил Ѓуџемов, од село Ново Лески, Неврокопско, е тепан. 30 ноември - Новата Влада на Р Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, даде заклетва во Собранието на Р Македонија
декември 2 декември – Владата на РМ донесе одлука за доаѓање на НАТО силите во Република Македонија во функција за извлекување на верификационата мисија на НАТО во Косово.
Култура Музика На Евровизија 1998, Македонија ја претстави Владо Јаневски со песната Не зори зоро. Скршено срце, албум на Благица Павловска ...И цело Врањеe, албум на Благица Павловска Tiresias, албум на Бодан Арсовски Крушево, албум од Влатко Стефановски Влатко Стефановски Трио, албум од Влатко Стефановски Heart Core, албум на Архангел Nocturnal, албум на Анастасија Wake up gods, албум на Кисмет Газирана хармонија, албум на Паркети
Филм и телевизија
Започна да работи Канал 5 Телевизија. Премиера на филмот Буре барут во режија на Горан Паскаљевиќ. Премиера на филмот На Балканот не се пие чај во режија на Младен Крстевски. Премиера на филмот Збогум на 20 век во режија на Дарко Митревски. Премиера на филмот I Want You
Книги и списанија Започна да излегува списанието Економија и Бизнис
Резиме за мојата генерација од Коле Чашуле Дарко Фокси спиди Гонсалес од Томе Арсовски Мртва трка од Димитар Солев Апостол војводата од Симон Дракул Одрон од Јован Котески Ангела сонува од Михаил Ренџов Хаос од Богомил Ѓузел Будна куќа од Тодор Чаловски Критички видувања од Тодор Чаловски Синори од Бранко Цветкоски Драми од Атанас Ќушкоски По трагите на славните Македонци од Ангелина Маркус Белата мечка, синиот кит и другите од Цане Андреевски Совладано време од Димитар Башевски Водопад од Атанас Вангелов Исчезнување од Ташко Георгиевски Последното оттуѓување од Петар Трајков
Објекти Отворена Спортска сала Билјанини Извори во Охрид. Осветена Црква „Воведение на Пресвета Богородица“ - Идризово. Осветена Црква „Вознесение Христово“ - Мршевци.
Останато Започна да работи Македонска банка за поддршка на развојот. Започна да работи ЈКП „Водовод“ - Илинден.
Спорт
Фудбал ФК Силекс стана шампион по фудбал во сезоната 1997/1998 година. ФК Вардар го освои купот на Македонија. Основан е ФК Гостивар.
* Пријателски натпревари
Кошарка Годел Работнички стана шампион во Првата македонска кошаркарска лига. Годел Работнички го освои купот на Македонија.
Квалификации за Евробаскет 1999
Македонија – Романија80–52 Унгарија – Македонија 49–68 Португалија – Македонија 64–87 Македонија– Русија 89–94 Полска – Македонија 50–61 Македонија – Португалија75–63
Ракомет
29 мај 1998 29 – 20 31 мај 1998 26 – 261 јуни 1998 28 – 21 3 јуни 1998 19 – 264 јуни 1998 38 – 18
11 декември 1998 37 – 21 12 декември 1998 23 – 27 14 декември 1998 27 – 22 16 декември 1998 23 – 25 17 декември 1998 27 – 15
Олимписки игри
СпортМажиЖениВкупноАлпско скијање 1 1 2Скијачко трчање 1 0 1 Вкупно(2) 2 1 3
Починати thumb|десно|100px|Ненад Стојановски thumb|лево|100px|Драган Богдановски
Бошко Смаќоски, македонски поет. 4 јануари - Тодор Симовски, македонски партизан. 16 април - Михаил Сматракалев, македонски поет. 21 мај - Манол Пандевски, македонски историчар и академик. 31 мај - Драган Богдановски, македонски национален деец и еден од основачите на ВМРО ДПМНЕ. 14 јули - Ненад Стојановски, македонски глумец. 20 септември - Јордан Леов, македонски раскажувач.
Родени Виктор Ефремовски, македонски кошаркар.
Наводи