Габрово или Турско Габрово — село во Општина Делчево, во областа Пијанец, во околината на градот Делчево.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во источниот дел на територијата на Општина Делчево, меѓу планините Влаина и Осогово, а неговиот атар делумно е ограничен со државната граница со Бугарија. Селото е од разбиен тип, а неговите маала се издигаат на надморска височина од 660-765 метри. Селскиот атар зафаќа површина од 26,7 км2. Од Делчево е оддалечено 6 км.

Историја

Во почетокот на XX век, Габрово било село во Малешевската каза на Отоманското Царство.

Само 4 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.

Стопанство

Селото има мешовита земјоделска функција. Во неговиот атар преовладуваат шумите на површина од 1.545,9 ха, додека на обработливо земјиште отпаѓаат 505,2 ха, а на пасишта 503,5 ха.

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Габрово живееле 415 жители, од кои 400 Македонци муслимани и 15 Роми.Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1900, стр. 228. По податоците на Димитар Гаџанов, во 1916 година во селото живееле 534 жители, сите Македонци, од кои 517 муслимани и 17 православни.Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 241.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 750 Македонци.

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 794 жители, од кои 791 Македонец и 3 останати.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 606 жители, од кои 558 Македонци, 1 Албанец, 1 Влав, 6 останати и 40 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е прикажано вкупното население и етничка припадност во Габрово:Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население во 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). Извор: ДЗС .

Година Македонци Турци Роми Власи Срби Вкупно 1948 — — — — — — — 970 1953 138 853 8 0 0 5 — 970 1961 398 291 0 0 0 1 — 690 1971 753 9 0 0 2 6 — 770 1981 786 1 0 0 0 0 — 787 1991 789 0 0 0 1 1 — 791 1994 828 0 0 0 0 1 — 829 2002 791 0 0 0 0 3 — 794 2021 558 1 0 0 1 6 40 606

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години.

Општествени установи мини|десно|200п|Основното училиште

Основно училиште „Ванчо Прке“ до IX одделение, подрачно училиште на ОУ „Ванчо Прке“ - Делчево.

Самоуправа и политика Селото влегува во составот на Општина Делчево од 1952 година.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на истоимената општина во склоп на Делчевската околија.

Избирачко место Во селото постои избирачко место бр. 0588 според Државната изборна комисија, кое е сместено во објектот на селската месна заедница.

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 686 гласачи.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 662 гласачи.

Културни знаменитости мини|десно|200п|Црквата „Св. Димитриј“ Археолошки наоѓалишта Градиште — градиште од доцноантичко време Скокото — населба од неолитско време Црквиште — средновековна црква

Цркви Црква „Св. Димитриј“ — главна селска црква

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Делчевски села Категорија:Села во Општина Делчево