Мангала — археолошко наоѓалиште кај некогашното село Мангала, источно од Нова Маала, Општина Василево.

Претставува населба од доцноантичкото и старохристијанско време. Од јужниот раб на селото започнува голем простор, долг околу 1 км и широк 200 м, на кој има голем број фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. На ритчето Мангала се гледаат темели од старохристијанска базиликаКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.

Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Струмичко; Грамада

Наводи