Крстец — село во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп.
Географија и местоположба мини|лево|Поглед на селото Крстец од врвот Козјак на Бабуна. Селото Крстец се наоѓа на планината Бабуна, оддалечено 13 километри североисточно од градот Прилеп.
Историја Црквата „Свети Никола“ е од 1881 година.
Во XIX век селото е дел од Прилепската Каза на Отоманското Царство.
Стопанство
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Крстец живееле 300 жители, сите Македонци.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 245. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Крстец имало 176 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 148-149.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Крстец се води како чисто македонско село во Прилепската Каза на Битолскиот Санџак со 22 куќи.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.
Според пописот на населението во 2002 година, во селото имало само 1 жител, Македонец.
Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.
Родови
Крстец е македонско село.
Според истражувањата од 1954, родови во селото:
Староседелци: Петревци (9 к.) и Кочовци (3 к.) Доселени со непознато потекло: Зердевци (3 к.) и Валчевци (2 к.), некогаш биле еден род; Колевци (5 к.) и Ристевци (4 к.), и они некогаш биле еден род.
Општествени установи
Самоуправа и политика
Културни и природни знаменитости Цркви Црква „Св. Никола“ од 1881 г.
Редовни настани
Личности Личости загинати во Крстец или неговата близина:
Тодор Гечев - македонски партизан, учесник во НОВ на Македонија
Култура и спорт
Иселеништво Постари иселеници има во Тиквеш.
пет семејства од Кочовци се иселени во Прилеп. И до 1954 година од селото се иселиле 20 семејства во Прилеп.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Прилепски села Категорија:Села во Општина Прилеп
Категорија:Раселени села во Македонија