Маала или Махала (, Тропеухос; до 1929 г. Μαχαλάς, МахаласΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μαχαλάς -- Τροπαιούχος) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на истоимениот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 323 жители (2011), сочинето од Македонци и грчки доселеници.

Географија Селото е сместено во источните пазуви на Нередска Планина, 5 км јужно од Лерин и 3 км југозападно од Кучковени. Крај селото минува Малечка Река.

Историја Во Отоманското Царство Од податоците се гледа дека Маала било македонско село кое во подоцнежниот дел на XIX век станало турско. На почетокот на XIX век францускиот конзул кај Али-паша Јанински Франсоа Пуквил го означил Махала (Machala) како „големо македонско село“.нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската пропаганда.

Во 1861 г. Јохан фон Хан на етничката карта на долината на Вардар ја означил Маала како македонско село.Croquis der westlischen Zurflüsse des oberen Wardar von J.G. von Hahn. Deukschriften der k Akad. d wissenseh. philos. histor. CIX1Bd, 1861.

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ за 1873 г. Маала е укажана двапати — еднаш како село Мала (Mala) во Леринската Каза со 30 домаќинства и 85 жители Македонци, и вторпат под името Махала (Mahala) како село во Костурската Каза со 80 домаќинства сочинети од 60 жители муслимани и 240 Македонци.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 82-83 и 110-111.

Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Маала живееле 600 Турци и 110 Арнаути муслимани.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 250.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Махала се води како мешано албанско-турско село во Леринската Каза на Битолскиот Санџак со 70 куќи.

Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 300 жители. Боривое Милоевиќ го спомнува со 100 турски куќи. Во 1920 г. во Маала се попишани 450 жители. Во 1924 г. турските жители се иселени по сила на Лозанскиот договор, а на нивно место властите довеле 155 грчки дојденци од Источна Тракија и Мала Азија, но поголем број македонски семејства од околните села кои го откупиле земјиштето од турските сопственици. Така, селото станало мешана македонско-грчка населба во која во 1928 г. живееле 430 лица.

Во 1929 г. селото е преминеувано во Тропеухос, што во превод значи „трофејно“.

На пописот од 1940 г. е забележан пораст на 665 жители. Во 1941 г. селото потпаднало под бугарска окупација и воспостравена е бугарска општинска управа.Даскалов, Георги. Българите в Егейска Македония, мит или реалност, Македонски научен институт, София, 1996, стр. 490. Селото не настрадало во Граѓанската војна, па затоа во 1951 г. имало 664 жители. Подоцна бројот на жителите почнал да опаѓа поради иселувања во прекуокеанските земји и поголемите градови.

Цркви Селото ги има следниве верски објекти:Портал на поранешната Општина Кучковени „Св. Ѓорѓи“ — црква изградена во 1910 г. „Св. Ѓорѓи“ — параклис „Св. Петка“ — параклис

Селска слава е Ѓурѓовден.

Население

Стопанство Селото важи за доста богато. Населението се занимава со земјоделство и сточарство. Главни производи се јагодите, тутунот и житото, како и сточарските преработки.

Поврзано Нередска Планина

Наводи

Категорија:Лерин